Tuesday, November 6, 2012
Идеално време за депилација
Депилацијата е еден од најефикасните начини за отстранување на непотребните влакненца од нашето тело. Со помош на редовна депилација доаѓа до изретчување на влакненцата од површината на кожата.
Доколку редовно ги отстанувате влакната по пат на депилација, тогаш шансите за изретчување се поголеми, бидејќи постојано тие се искорнувани од самиот корен. Доколку меѓувремено се обидете да ги отстраните влакната по пат на бричење, корените зајакнуваат и наредниот пат депилацијата ќе биде отежната и поболна.
Не постои некој одреден период или годишна граница која може да каже кога да се започне со депилација. Тоа е инвидуално.
Зависи од самата личност и околностите кои ги имате.
Некои луѓе имаат тенки и светли влакна кои воопшто не се забележуваат. Додека некои други луѓе имаат црни и густи влакна кои со текот на времето само се згустуваат и пораснуваат. Посебно ова е проблем за голем број на девојчиња, кои заради ова се спречени да се облекуваат во здолништа или кратки панталони.
Кога веќе еднаш се одлучите да се депилирате, најдобро е така да продолжите постојано.
Да, понекогаш ќе ви биде проблем бидејќи ќе мора да изчекувате скоро месец дена до следната депилација. Но доколку знаете дека со текот на времето влакната се изретчуваат, и стануваат потенки од вообичаено, малку е полесно.
За момчињата кои се депилираат, нема некоја разлика кога ќе се депилират. Додека кај женскиот пол не е исто.
Кај женските, многу работи зависат од нивниот месечен циклус. Доколку се одлучите за депилација пред месечниот циклус, тогаш таа ќе биде многу поболна отколку по завршувањето на циклусот.
Посебно кога станува збор за депилација на интимниот простор, идеално време за депилација е два до три дена по завршувањето на циклусот.
Labels:
depilacija,
depilator,
intimna depilacija,
vosok,
депилација,
интимна депилација
Location:
M5, Macedonia (FYROM)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)


No comments:
Post a Comment