Депилацијата е еден од најдобрите начините за
отстранување на непосакуваните влакненца од нашата кожа.
Интимната депилација е еден од најдобрите начини на отстранување
на влакненцата од интимните делови. Иако станува збор за најдобриот начин на
остранување на тие непосакувани влакненца, сепак во главата на секоја девојка
предизвикува врева и паника.
Доколку сте пробале, тогаш ги разбирате сите тие други
жени се одлучуваат на овој чекор.
Интимната депилација овозможува прекрасно чуство на чистота, свежина и дава
многу поголемо чуство на самодоверба.
Интимна или бразилска депилација значи целосно
отстранување на влакненцата од интимната зона и долниот дел на стомакот.
Понекогаш некои девојки или жени се решеваат да остават “landing strip”, тенка и неделипирана вертикална лента над клиторисот.
Интимната депилација за прв пат почнала да се нуди како
комерцијална услуга во Бразил, од каде што го носи и името Бразилска
депилација. Во Бразил бил отворен козметичкиот салон J Sisters International, од страна ан седум сестри во
1987 година. Од тогаш па понатоаму, нејзината популарност постојано се
зголемувала.
Жените посебно ја сакаат
оваа депилација бидејќи ги тера да се чуствуваат многу привлечни, посекси,
почисто. Тие се чустуваат многу по привлечно, а сето тоа им одговара и на
мажите.
Доколку се одлучите да си
направете интимна депилација имате два избори, да го направите тоа сами или да
користите професионални услуги.
За да имате побезболна
депилација, практикувајте интимна депилација по завршувањето на менструалниот
циклус.
Скоро сите козметички салони
во земјата нудат услуга на интимна депилација. Доколку се одлучите да одите во
посета на козметички салон за оваа услуга, тогаш целосно ја поддржуваме вашата
одлука. Каде и да одлучите да го превземете тој чекор нема да згрешите, бидејќи
искусните козметичарки имат искуство во оваа подрачје, и можат да ви помогнат
како побрзо сето ова да заврши. Тие знаат позгодни положби кои ви би помогнале
за полесна депилација.



No comments:
Post a Comment